За жената најмногу зборуваат нејзините гради, утврдија руските сексолози кои ја оживејаа заборавената наука за градите, според која обликот и големината на градите најмногу говори за некоја жена. И да, и силиконите се сметаат, бидејќи ако ги имате, вие сте исклучително несигурна и површна.
Поврзаноста на градите и женските карактери деновиве е топ тема во Русија. Според руските сексолози изгледот и големината на градите целосно ја откриваат личноста на жената.
Целата наука е наречена стерномантија, а се заснова на теоријата дека темелен преглед на градите укажува на карактерот на жената.
Според стерномантијата, жените со бујни гради по правило се весели личности, додека оние чии гради имаат мали и вовлечени брадавици имаат и таков карактер – генерално станува збор за резервирани или интровертни лица.
Мали гради имаат прилично љубоморните жени, а ако имаат јасно нагласени брадавици, имаат и силен карактер.
Доколку имате гради во облик на дињи, вие сте личност која сака да и се оди по кеф, а ако се во вид на цреши, многу сте ведри и друштвени. Крушковидниот облик значи дека сте многу сексуална личност.
Според оваа древна наука, градите воглавно се споредуваат со овошки, што им олеснувало во проценка на карактерот. Денес пак е додадена и нов облик – силиконите, кои иако не се природни, многу говорат за нивните сопственички.
Руските научници тврдат дека жените со силиконски гради не се верни партнерки, бидејќи воглавно се несигурни и површни личности.
Пронајдете не на следниве мрежи: