Откриениот алкохол беше задржан од собраниското обезбедување, а кон лицата кои се обидоа да го внесат се превземени соодветни мерки. Собранието на Македонија ја извести јавноста за овој немил настан, но сеуште никој од асистентите не излезе во јавноста да искоментира за тоа што се случило во законодавниот дом.
“Во интерес на информирање на јавноста појаснуваме дека началникот на внатрешното обезбедување на Собранието на 23.12.2012 година во вечерните часови информираше дека двајца асистенити на пратениците на пратеничката група СДСМ се обиделе да внесат алкохол во зградата на Собранието, спротивно на член 34 став 7 од Упатството за спроведување на Правилникот за внатрешен ред на Собранието, при што собраниското обезбедување го одземало алкохолот. Од Одделението за внатрешно обезбедување на Собранието се добиени службени белешки во кои службените лица го потврдуваат обидот на асистентите за внесување на алкохол во зградата на Собранието и кршење на внатрешниот ред и дисциплина, како и работниот ред и дисциплина согласно Законот за Собранието, Законот за работни односи и Правилникот за внатрешен ред на Собранието на Република Македонија“, пишува во соопштението од Собрание.
Лицата кои се обидоа да внесат алкохол во Собранието имаат добиено Решени за престанок на работен однос од работодавачот Агенција за провремени вработувања СПИД.
“Согласно Законот за Собранието на Република Македонија, секоја пратеничка група има право на асистенти, односно по еден асистент на 5 пратеника. Пратеничката група на СДСМ има право на 6 асистенти, на местото на двајцата чиј Договор за работа е раскинат можат да бидат ангажирани две други лица, но не овие кои го прекршиле законските одредби и го повредиле внатрешниот ред и дисциплина на Собранието на Република Македонија.
Во Решението за престанок на работниот однос без отказен рок Агенцијата за привремени вработувања се повикува на член 82 од Законот за работни односи“, информираа од македонското Собрание.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: