Интер се засилува со Андреоли, Лоди, Скелото…

Интер ја заврши работата со Киево околу ангажманот на голманот Сорентино, кој беше на мета и на екипата на Наполи.

Планот на Интер во овој момент е да се доведе солидна замена за Хандановиќ.

Во Интер најверојатно пристигнува Андреоли кој веќе беше во клубот, но без вистинска шанса, па се пресели во Рома како дел од договорот по кој Киву пристигна во Интер.

Освен овие двајца, на мета на Интер е и Франческо Лоди, играчот на Катанија кој „експлодираше“ последните две сезони, а се шпекулира дека ќе пристигне и Скелото од Аталанта, италијанец-аргентинец кој може да игра и по бочните позиции и идеално би се вклопил во формационата поставеност на Страмачиони.

Веќе е доведен поранешниот капитен на Лацио, Роки, како алтернатива за Диего Милито.

Од клубот освен Снајдер, би требало да си замине и Рики Алварез, кој потполно разочара, иако беше доведен за сума од 12 милиони евра, како засилување од Велез. На позајмица повторно би можел да замине Кутињо, кој не добива прилика за настап, иако се работи за огромен потенцијал.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: