Кастро преживеал 638 атентати

Според податоците на Кубанските власти, врз лидерот на револуцијата Фидел Кастро досега имало дури 638 неуспешни атентати.

Од ставање експлозив во неговите цигари, подметнување на отровен гас во неговата облека, па се до поставување на експлозив под бината на која требало да одржи говор, се само мал дел од неуспешните атентати кои делуваат како да излегле од холивудска продукција.

 

Затоа не е ни чудо што при едно интервју, на прашањето “Што сметате дека е ваш најголем успех?”, Фидел Кастро кратко одговорил – Тоа што сум жив.

 

Во интервјуто додал дека ова го мисли поради серијата атентати на чија мета бил во текот на 47-те години на владеење.

Според тврдењата на неговите хроничари, тие имаат забележано вкупно 638 неуспешни атентати.

 

За да се оддолжи на “големиот лидер”, Кубанската телевизија подготви серијал за овие 638 обиди за негова ликвидација, чие емитување ќе стартува следниот месец.

Првиот дел, под насловот “Оној кој мора да живее”, ќе стартува на програмата на 7 март.

 

Владата на Куба изрази огромно интересирање за овој уметнички потфат. Кастро, иако си замина од власта пред четири години, се уште во својата земја има статус на легенда.

 

Авторите на серијата очекуваат таа добро да помине и во светот, бидејќи Кастро се смета за неповторлив државник со посебна харизма.

 

Најдобар пример за неговиот траг во Кубанската историја, е фактот што дури 75% од населението незнаат дека земјата некогаш имала друг лидер освен Фидел Кастро.

Пронајдете не на следниве мрежи: