Замислете живот без 19 растенија од 180см без асистент за собирање мастики за џвакање или ќелави проститутки без заби.
Епа тоа е отприлика причината зошто не сте Пол Макартни, Мерлин Менсон или Мараја Кери.
Не сте барале доволно луди, безобзирни работи.
Пол Макартни и растенијата – Екс членот на Битлси сака лиснати растенија, и секогаш бара во својата просториjа да има точно 19 растенија, високи точно 180см, и 4 растенија од 120см.
Мерлин Менсон и проститутките – Бекстејџот на металецот се состои од клима уред вклучен на максимум, колекција од гумени бомбони, апсинт, пуканки и доритос.
Се тоа изгледа горе-доле во ред, но последното барање е претерано – една ќелава проститутка без заби.
“50 Cent” и “Dom Perignon” – Раперот бара од организаторите норвешки лосос, московски кавијар, минерална вода со 50 витамини, неограничени количини од луксузното шампањско “Dom Perignon” во собата, млеко од соја, топли пешкири и американски слатки.
Мараја Кери и собирач на мастики – Дали жената има болна навика да фрла мастики за џвакање на под или е нешто друго, меѓутоа дивата побарала посебен помошник кој би се грижел за нејзините изџвакани мастики.
Мадона и боца со кислород – Ексцентричната ѕвезда при секое гостување бара канти за ѓубре во точно одредени бои, колекција боци со кислород и апсолутно отсуство на клима уред.
300 сапуни, 150 мали и 300 големи пешкири се исто така дел од нејзините барања.
“Rolling Stones” и 17 пепелници
При гостувањето на легендарниот бенд во Белград, Стонси побарале 5 хеликоптери, четири кутии Малборо и 17 пепелници кое секое утро мора да му бидат на располагање на Мик Џегер.
Меѓу другото барале и мобилни тоалети, билијард маса и ТВ со канали на кои се пренесуваат сите Крикет натпревари.
Пронајдете не на следниве мрежи: