Како умрел Адолф Хитлер?

Светот е шокиран, откако ДНК тестот направен врз скалпот кој што се претпоставуваше дека е на Хитлер, покажа дека станува збор за жена.

 

Истражувањето е направено од страна на експерти кои ги истражувале остатоците кои што се наоѓаат во Русија. 

Британскиот археолог, Nick Bellantoni, долетал во Москва, каде му било дозволено да ги испита артефактите од државната архива. Тој открил дека освен тоа што станува збор за женски череп, истиот и припаѓал на многу помлада личност. 

-Коската е многу тенка, а коската на маж е поробусна. Овој скалп одговара на жена помеѓу 20 и 40 години, истакнува тој.Сепак, не станува збор за черепот на Ева Браун , бидејќи таа не се самоубила со пиштол. 

Откритието фрли сомнеж врз тоа, дали навистина нацистичкиот тиран извршил самоубиство во бункерот во Берлин, во април 1945 година. 

Русите пронашле запалено и закопано тело, со куршум во главата и објавиле дека станува збор за телото на Хитлер. Во 1970 година КГБ, го кремирало телото, по што останале делови од виличната коска и дел од скалпот.

Пронајдете не на следниве мрежи: