Луѓето киваат кога низ глава им се вртат еротски мисли и кога се сексуално возбудени.
Кивањето настанува кога доаѓа до дразнење на носот, што предизвикува силно испуштање на воздух чија брзина може да достигне и до 150 километри на час.
Научниците кои подлабоко го истражуваат кивањето истакнуваат дека оваа реакција кај одредени луѓе се јавува при помислата на секс. Кај овие личност поврзаноста со автономниот нервен систем е малку оштетена, истакнуваат научниците.
Нервниот систем испраќа сигнал во носот и кај овие личности тоа предизвикува кивање кога се сексуално возбудени.
Научниците претпоставуваат дека оваа појава е наследна но се уште не се знае до која мера е распространета, затоа што на луѓето со вакво пореметување им е незгодно да одат на доктор.
“Кај луѓето со вакво пореметување доаѓа до испреплетување на сигналот и нервниот систем, што предизвикува кивање при помисла на секс”, вели доктор Махмуд Бут.
Психологот Харолд Максвел со оваа појава за прв пат се сретнал кај пациент кој му се пожалил дека неконтролирано кива при секоја помисла на секс. Максвел оваа состојба ја нарече “секси кивање”.
На основа на истражувањата и разговорот со неколку пациенти со проблемот “секси кивање”, Максвел и Бут спорведоа студија во која опишуваат како автономниот нервен систем може да си поигра со осетливоста на луѓето, како и за тоа дека луѓето можат непрекинато да киваат по оргазам.
Пронајдете не на следниве мрежи: