Иако потполно неочекувано, првата работа која ќе ви помине низ глава, е дека секое добро дело не може да помине неказнето.
Вилијам Марота донирал примерок од својата сперма на две жени кои сакале да имаат деца, а со таа прилика тој побарал и писмена потврда дека правно, нема да има никакви обврски спрема детето, сега веќе три годишно девојче.
Меѓутоа, работите не оделе по тој тек.
Во октомври, минатата година, сојузната американска држава Канзас од него побарала да почне да плаќа алиментација, откако мајките на девојчето паднале во финансиски проблеми.
Ова барање се темели на законите според кој донаторите на сперма, донацијата мораат да ја направат со посредство на лиценциран доктор. „Трансакцијата“ помеѓу Вилијам и двете жени не е направена на овој начин.
Имено, тие се пронашле по пат на оглас и тој без ничие посредство им го дал садот со својата сперма. Жените на огласот нуделе 50 долари, но тој тоа одлучил да го направи без никаков надомест.
Изненаден од целата завршница, Вилијам е разочаран од последиците на неговото добро дело.
Експерите велат дека ваквото произволно толкување на законите, може да ги обесхрабри потенцијалните донатори на сперма кои можат да им помогнат на парови кои не можат да имаат деца.
Пронајдете не на следниве мрежи: