Џон Харви Келог (1852-1943), лекар од Мичиген, се чувствувал незгодно во врска со сексот, а со својата жена спиел во одвоени соби, а медениот месец го поминал пишувајќи книга за штетноста од сексот. Мастурбацијата му била полоша, па поради тоа морал нешто да превземе.
Тој го сметал сексот за штетен, за физичко и ментално пореметување и апстинирал од него. Неговите деца биле посвоени. Мастурбацијата му била уште полоша од сексот. Истражувајќи, тој забележал 39 различни симптоми кај луѓето кои го имале тој проблем, вклучувајќи и неправилен развој, импотентност, промени на расположение, срамежливост, лошо друштво, укочени зглобови, акни и епилепсија.
Неговото решение за ова патење, била здрава диета. Верувал дека месото и одредени вкусови на зачинета храна ја зголемуваат сексуалната желба, а едноставната храна, особено житариците може да ја намалат.
Додека бил управник во санаториум во Мичиген, тој го измислил корнфлексот, како здрав, едноставен и брз оброк против мастурбација. Имено, оваа храна денес е темелот на доручек на многу луѓе ширум светот.
Дали тој ја уништил мастурбацијата?
Не!
Па според тоа нема да може да им помогне на ниту еден зависник од секс…
Пронајдете не на следниве мрежи: