Ши Сифан и неговата сопруга Лиу Јаогу родени се на 28 декември 1912 година. Во брак се од 1934 година и имаат четири деца.
Живеат во кинескиот град Чангде, во куќа заедно со пет генерации од нивните потомци. На нивната роденденска прослава присуствувале повеќе од 200 жители од градот.
– Иста година, исти месец, ист ден. Јас сум среќен, рече Ши Сифан. За роденденски подарок добија телевизор. Меѓутоа, Лиу Јаог се пожалила дека има слаб вид и дека нема ништо да гледа. – Ако ти неможеш да гледаш програма на телевизија, ја ќе ја гледам и тебе ќе ти раскажувам за што се работи, рече грижливиот сопруг.
Пронајдете не на следниве мрежи: