За да го привлече вниманието на девојките, Дата Фуг решил да носи златна кошула. За неа, 32-годишниот Индиец, платил околу 17 илјади евра. На кошулата работеле 15 златари и тоа по 16 часови дневно, се со цел на нестрпливиот Дата да му биде испорачана во предвидениот рок.
„Знам дека не сум најубавиот човек на светот, но ваква кошула сигурно ќе предизвика воодушевување кај секоја жена“ – вели Дата Фуг.
Заедно со кошулата тој добил копчиња од Сваровски кристали, како и златен ремен.
„Кошулата од злато отсекогаш беше мој сон. Се радувам што ја имам“ – објаснува Индиецот.
Па, му посакуваме среќа во потрагата по девојка.
Пронајдете не на следниве мрежи: