четврток, 12 ноември 2026
Најново

Понижувачките тајни на Шон Пол

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешната девојка на Шон Пол, Сузан Пирсон, го тужи Јамајчанецот тврдејќи дека тој ја изгладнувал и ја предизвикувал да се самоубие. Таа потенцира дека Шон Пол ја подмитувал полицијата во Јамајка, со цел да ги натера службените лица да ја вратат Сузан во родната Шведска, по лошата расправија која парот ја имаше во 2010-та година. 

Во судот, таа предала книга од околу 120 страници во која изнесува детали од нивната врска. Во книгата објаснува дека Шон Пол е зависник од кокаин и дека не бил добар во сексот. 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Тој има проблеми со ерекцијата. Ако издржи една минута, тогаш тоа е добар ден“ – вели Сузан во својата книга.

Доколку таа го добие случајот, ќе и бидат исплатени 80 милиони долари. 

Од друга страна пак, адвокатот на Шон Пол тврди дека Јамајчанецот не може да има толкава моќ за да ја подмитува полицијата или насилно да ја врати Сузан во Шведска, ниту пак дека би ја изгладнувал или малтретирал.

Дали ова се измислици на Сузан со цел да добие одредена сума пари, или пак Шон Пол е навистина незгодно момче, ќе дознаеме кога ќе се реши случајот.

 

 

Поврзани вести