Една млада девојка од Дангамвур, Зимбабве, чиј идентитет е заштитен од страна на полицијата, го одгризала пенисот на човекот кој ја принудувал на орален секс.
Девојката заедно со своето момче, околу 3 часот наутро се враќала од концерт, кога ги пресретнала група на 4 мажи. Тие прво го претепале момчето, а потоа ја одвлекле девојката во грмушките покрај патот и почнале полово да ја злоупотребуваат.
Иако тие и се заканиле со смрт ако не слуша и прави се што ќе и кажат, таа собрала храброст и го одгризала пенисот на човекот кој во тој момент ја принудувал на орален секс. Неговиот гласен плач ги исплашил и останатите тројца мажи па сите заедно избегале.
Полицијата се уште трага за силувачите и соопшти дека лесно ќе ги најдат благодарение на крвта што ја имаат од еден од злосторниците.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: