Две сестри од Босна и Херцеговина, што ја изгубиле врската пред речиси 72 година, се сретнаа за прв пат по Втората светска војна благодарение на Фејсбук, иако цело време живееле на само 200 километри една од друга.Хедиџа Талиќ (82) и постарата сестра Тања Делиќ (88), се сретнаа пред неколку дена за прв пат по 1941 година, пишува „Независне новине” на својот интернет сајт.
Талич, која тогаш имала 11 години и се презивала Будимлиќ, се изгубила при бегството на нејзиното семејство од село во Босна на почетокот на војната.
Пораснала во интернат, бидејќи родителите биле убиени за време на војната, а брат и емигрирал во САД. „Ја загубив секоја надеж да го видам семејството“, рекла таа за весникот.
Сестрите се нашле благодарение на синот на Хедиџа кој, правејќи истражување за својот род, се поврзал на Фејсбук со ќерката на тетка си, без да знае дека се од едно семејство.
„На средбата имаше многу солзи. Не можевме да веруваме дека конечно сме се нашле“, раскажале двете сестри.
Сега тие ќе се обидат да пронајдат својот брат или неговото семејство, што веројатно е во САД.