Хомер Симпсон од реалниот живот

Џекс Пиксело е илустратор кој симпатичните цртани ликови Хомер Симпсон, Супер Марио, Стиви Грифин и Џесика Ребит ги претворил во „вистински“ луѓе, со помош на Фотошоп. Цртаните ликови му се најголема инспирација, па затоа решил токму нив да ги обработува и да ги претвори од цртани во „живи“ ликови.За да ги создаде овие мутирани дела, Пиксело се служел со цртите на лицето на познати актери и магично ги имплементирал во илустрациите. Така на пример, ќелавата глава на Хомер Симпсон во најголем дел е конструирана според главата на Џон Лок од ТВ серијата „Изгубени“.

 

Некои можеби ќе помислат дека Хомер на сликата изгледа постаро, но Пиксело објаснува дека тој имал триесетина години кога цртаната серија прв пат започнала да се емитува, а тоа е пред 20 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: