Лошите лекции кои ги научивме од Дизни цртаните

Дизниевите анимирани филмови се задолжителен дел од растењето на секое дете.Нивната содржина ги учи децата дека чуда се случуваат и дека доброто и љубовта на крајот секогаш победуваат.

 

Сепак, доколку работите се погледнат и од поинаков агол, меѓу редови може да се прочитаат и некои лоши пораки и да се открие темната страна на Дизни.

Пепелашка

Добрата лекција: Чуда се случуваат. Ако бидеш добар ќе ти се случи добро.

Лошата лекција: Седи си и чекај среќата да ти падне од небо.

Убавицата и ѕверот

Добрата лекција: Однесувај се со другите како што сакаш да се однесуваат со тебе. Зад лошиот изглед се крие добро срце.

Лошата лекција: Сакај го насилникот, тој кај и да е, ќе се смени.

Малата сирена

Добрата лекција: Љубовта победува сè.

Лошата лекција: Напушти го семејството, смени го изгледот и тој ќе се вљуби во тебе.

Ѕвонарот од Богородичната црква во Париз

Добрата лекција: Не цени ги луѓето според нивниот изглед.

Лошата лекција: Без оглед на тоа колку е добар и посветен, грдиот нема шанси кај убавата девојка.

Заспаната убавица

Добрата лекција: Љубовта го победува злото.

Лошата лекција: Трпеливо чекај го вистинскиот, тој ќе те разбуди од лошиот сон.

Пронајдете не на следниве мрежи: