Напаѓачот на екипата на Барселона, истакна дека уште оваа зима сака да оди во Арсенал, пренесува „Дејли Меил“.
Арсен Венгер не крие дека приоритет му е да го ангажира Давид Виља во своите редови, а најдобриот стрелец во историјата на шпанската репрезентација има голема желба да се пресели во тимот на Арсенал.
Сигурно дека ќе претстојат преговори меѓу двата тима околу овој трансфер, а се шпекулира дека Барселона нема да го даде својот напаѓач за сума помала од 16 милиони фунти.
Нема сомнение дека Арсенал во Давид Виља би добил напаѓач од светска класа и така најверојатно би го надоместиле заминувањето на Робин Ван Перси во Манчестер Јунајтед.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: