Фудбалерот на Бетис, Бенат Ечеберија се наоѓа на мета на Манчестер Сити и Челзи, а двата клуба се расположени да одвојат 20 милиони фунти за ангажман на овој фудбалер.
Бенат Ечеберија е познат како „немилосрден“ за Реал Мадрид, бидејќи постигна победоносен гол за својот тим против Реал Мадрид оваа сезона (1-0). Од тогаш е прва ѕвезда на тимот.
Овој фудбалер има договор со екипата на Бетис кој трае уште уште 18 месеци, а тренерот Пепе Мел истакна дека ќе биде многу тешко да се задржи овој фудбалер во сопствените редови бидејќи Челзи и Манчестер Сити нудат 20 милиони евра.
Бетис игра одлично оваа сезона, но со вакви понуди како понудата за Ечеберија тешко дека ќе ги задржи своите најдобри фудбалери. Дефанзивецот Хозе Кањас веќе потпиша пред-договор со англискиот премиерлигаш Свонси, но ќе премине во редовите на премиерлигашот откако ќе заврши сезоната.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: