Тренерот на Свонси уште еднаш јасно истакна дека нема намера да се откаже од фудбалерот кој едноставно „експлодираше“ во Премиер Лигата.
Засилувањето од два милиони, кој пристигна во текот на летото од екипата на Рајо Ваљекано едноставно се покажа како едно од најдобрите засилувања во Премиер Лигата.
Со своите 14 погодоци на 22 натпревари за Свонси, шпанецот Миху ја воодушеви фудбалската јавност која за него пред доаѓањето во Англија практично не ни слушна.
Тренерот на екипата на Свонси знаеше што прави кога размислуваше за ангажман на овој фудбалер, сега нема намера да се ослободи уште во јануарскиот преоден трансфер период, без оглед на се поголемиот интерес од одредени англиски, но и руски клубови.
„Нема никакви шанси да Миху си замине од тимот. Околу таа тема нема потреба ни да се дискутира, Миху е среќен, не сака да си оди, а и ние тешко би нашле замена во јануари“ изјави Лаудруп.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: