Манчестер Сити испрати официјална понуда на адреса на Наполи, понуда за одличниот уругвајски напаѓач Едисон Кавани.
Манчестер Сити има големи проблеми во напаѓачката линија.
Сити во тековната сезона не беа ефикасни како минатата сезона, проблем со повредениот Серхио Агуеро и секогаш „немирниот“ Балотели само го вклучи алармот во оваа екипа дека потребни се адекватни промени и замени.
Англиските медиуми денес објавија информација дека Манчестер Сити и неговиот спортски директор Чики Бегириштајн испратиле официјална понуда за Едисон Кавани, и тоа уште пред да се судрат на тренингот Марио Балотели и Роберто Манчини.
Таквата информација ја потврди и претседателот на Наполи, Аурелио Де Лорентис изјавувајќи дека за Уругваецот одбил понуда вредна неверојатни 55 милиони евра.
Последните случувања во Сити ќе ги натераат челниците на овој тим да испратат нова подобра понуда, шпекулираат англиските медиуми, ќе треба да се исполни клаузулата во договорот на напаѓачот на Наполи која изнесува 61 милиони евра.
Инаку, и самиот Кавани пред извесно време ја отвори вратата околу евентуалната преселба во Англија изјавувајќи дека смета дека би успеал во таа лига.
„Знам дека заинтересирани се одредени клубови од Премиер Лигата, во прашање е едно интересно и возбудливо првенство кое нуди голем предизвик и во кое мислам дека би можел одлично да се покажам“ изјави Кавани.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: