Британецот Енди Мареј, трет тенисер во светот, го одбрани трофејот од АТП турнирот во Бризбејн.
Во финалето Мареј го победи бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Мареј стартуваше сосема нервозно, го изгуби почетниот удар во првиот свој сервис. Сепак, успеа да го престигне заостанувањето од 4-1, а во 12-тиот гем успеа да спаси и сет-топка со ас, па така се избори за тај-брејк кој го одигра перфектно.
Во другиот сет Британецот по заостанувањето од 4-3, ги освои последните три гема во мечот.
Мареј-Димитров 7-6 / 6-4.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: