Штотуку сте се запознале и со нетрпение очекувате да ви се јави. Обрнете внимание на тоа кога ќе ве побара, па ќе ги дознаете неговите намери.
1. Ви се јавува за излегување во „5 до 12“
Неговите намери сигурно не се сериозни доколку ви се јави во 7, а сака да излезете во 8. Ве става пред „свршен чин“, немате време да се подготвите, а можеби и веќе сте договориле нешто друго.
2. Повик доцна во ноќта
Доколку ви се јави за да излезете пред да си кажете добра ноќ, тогаш јасно ви е што сака од вас. Сепак не бидете дрски, можеби се двоумел кога да се јави, па после неколку пива со другарите ви се јавил во ова време. Затоа, предложете средба за наредниот ден.
Но, што е со повиците откако ќе го имате првиот состанок?
3. Ви се јавува веднаш откако сте се разделиле
Доколу сте излегле и тој ви се јавува веднаш откако ќе си отидете дома, тогаш сигурно е многу заинтересиран за вас. Веројатно му било прекрасно, па изненадете го со повик следното утро.
4. Се слушате неколку пати дневно
Доколку ве бара на телефон за да се договорите кога ќе се видите, потоа за да ви каже што видел на телевизија, па потоа да ве праша било што, ова момче сигурно сака да ве задржи покрај него подолго време.
5. Ве бара неколку денови после првото излегување
Доколку ви се јави неколку денови откако сте излегле, тој или не знае што сака со вас или тактизира, но и во двата случаи едно е јасно-тој е незрел. Затоа, не се опуштајте премногу со вакво момче.
Пронајдете не на следниве мрежи: