Во текот на снимањето на „Пријатели“ актерите имале вкупно 135 сексуални партнери

Шесте ликови од популарната серија „Пријатели“ (Friends) во текот на снимањето на 10-те сезони имале вкупно 135 сексуални партнери.

Според британските медиуми нивното искуство е далеку поголемо од она во приватниот живот, затоа што просечниот број секусални партнери на еден Американец е значително помал.

Според Институтот за истражување сексуалност, пол и репродукција, просекот на сексуални партнери од 30-тата до 44-тата година од животот е од 6 до 8.

Чендлер (Метју Пери) имал просек близок до границата, односно имал 10 партнерки, споредено со останатите кај кои бројот е поголем.

Џои Трибијани (Мет Ле Бланк)  имал во просек 50,  додека Рос (Дејвид Швимер) имал  околу 14 сексуални партнерки.

Кај жените пак, просекот во овој период од животот е 4 сексуални партнери. Трите девојки од серијата Моника (Кортни Кокс), Рејчел (Џенифер Анистон) и Фиби (Лиза Кудроу) имале просек 14, 15 и 32 партнери.

 Во однос на тоа кој од ликовите на популарната серија „Френдс“ сакаше врска, а кој партнер/ка за една ноќ ги имаме следниве резултати. 

Џои е ликот со најмал потенцијал за врска, додека Рејчел се смета дека е девојката со највисок процент на спремност за врска.

Од сите 6 ликови, Чендлер имал најмал број партнерки, што ја потврдува неговата улога на момче кое не е многу способно да си фати девојка.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: