Има 6 години и 92 килограми

 Шестгодишното индиско девојче Сумам Хатун веројатнo е најдебелото дете во светот. Висока е 105 сантиметри, тежи цели 92 килограми, а поради огромната телесна тежина докторите се загрижени дека таа би можела да почине.

 

Неделно Сумам во просек јаде по 14 килограми ориз, осум килограми компир, осум килограми риба и околу 180 банани, а јаде и голема количина на слатки.

 

Споменатата количина би била доволна да се нахрани целото нејзино село.

Нејзините родители, 32-годишната Бели Биби и 38 годишниот Халал велат дека биле немоќни да ја спречат ќерката во прејадувањето, и откако ќе изеде се што може да најде во нејзиниот дом, Сумам потоа оди и јаде по соседството.

Сумам е родена како здраво бебе, тешко нешто помалку од 4 килограми. Но, набрзо нејзиниот апетит почнал да се зголемува.

 

Локалниот доктор открил дека таа има пореметување на хипофизата, па поради тоа постојано чувствува глад.

 

Сумам постојано се здебелува – лани имала 75 килограми.

“Се обидов да го контролирам нејзиниот апетит, но тогаш таа плаче, вреска, се треска од земја и почнува да јаде кал. Срам ми е кога шета по соседите и бара храна, како да ја изгладнуваме.

 

Соседите се сожалуваат и и даваат да јаде, па ние сме немоќни”, додава мајката на Суман.

Девојчето оди на училиште, но кажала дека го мрази бидејќи немала доволно храна со неа и поради тоа што врсниците постојано се шалеле на нејзина сметка.

Пронајдете не на следниве мрежи: