Интересна изјава на Скарлет Јохансон за бракот

Само 2 години траеше бракот на Скарлет Јохансон (28) и актерот Рајан Рејнолдс (36). По разводот Рајан се венча со ѕвездата од „Gossip Girl“ Блејк Лајвли (25).

По разделбата остана мистерија зошто се одлучија на таков чекор. Ниеден од нив не прозборе ништо, меѓутоа  Скарлет Јохансон конечно се отвори и откри неколку тајни за падот на нивната врска.

Јохансон вели дека на почетокотсе било совршено, но подоцна се тргнало по надолна линија,  се почнало да се менува: „Беше убаво, но истовремено, постојано се прашував што ќе правам со себе. Бев збунета и само чекав. Навистина бев надвор од сопствената кожа“, изјави Скарлет.

Иако нивната разделба беше резултат на меѓусебен договор, или како таа ја нарекува „комично пријателска“, сепак таа била повреденаод разводот.

„Беше ужасно. Се разбира дека се чувствував грозно. Мислите дека вашиот живот ќе оди во еден правец и одеднаш, поради различни причини, не успева. Ова беше нешто што никогаш не мислев дека би го направила.“ -објаснува Скарлет.

Сепак, иако била малку повредена таа не жали за бракот со Рејнолдс. Времето со него го опишува како нешто убаво –  моменти кога се заљубувате, кога стапувате во брак и кога се посветувате некому. Смета дека е навистина одлично да знаете дека можете да сакате некого на тој начин.

После сите овие изјави, Јохансон денес сепак размислува поинаку.

„Бракот не ми е важен“. Според мене, да сте во функционална врска, не значи дека треба да се венчате. Никогаш не мислам на брак. Чудно е тоа? Единствено мислам на тоа само кога луѓето ќе ме прашаат нешто за бракот.“, изјави таа за „Elle UK“.

Пронајдете не на следниве мрежи: