Ким очигледно нема да дозволи да изгуби ни малку од нејзиниот секси стил само затоа што стомачето почнува да и расте.
Во Калгари, Канада на 17-от фестивал во „Cowboy Dance Hall“ прекрасната Ким се појави интересна црна комбинација, која го откриваше нејзиниот градник. Нејзиниот изглед никого не го остави рамнодушен.
Се уште нема голем стомак, но бремената убавица блескаше и изгледаше среќно додека позираше за фановите и фотограферите пред настанот. Таа изјави дека се чувствува здраво и нема никакви проблеми во врска со бременоста:
„Се чувствувам добро. Наутро немам никакви тешкотии, но сепак не е најлесно. Луѓето секогаш велат дека бременоста е лесна и забавна, но дефинитивно е прилагодување и учење за своето тело“.
Еве како изгледаше Ким на настанот.
Пронајдете не на следниве мрежи: