5 работи кои мажите не ги забележуваат за време на секс

Секој си има некоја причина која го прави несигурен во кревет. Девојките особено паничат пред сексуалниот однос во врска со некои работи кои според експертите мажите не ги забележуваат за време на секс.

 

 

 

1.Вишок на килограми

Според експертот за секс, Иан Кернер, автор на книгата „Таа е на прво место“, повеќето мажи при сексот не размислуваат за неколкуте килограми за кои вие сметате дека ве прават помалку привлечни зашто за време на сексуалниот однос кај нив се лачи окситон, така наречен хормон на љубовта и хормонот тестостерон. Затоа, ако се грижите за тоа дали сте привлечни или дали бедрата ви се допираат, време е да престанете.
 

2.Формата на вашите гради
Ако сте загрижени за формата на вашите гради, верувајте дека само вие може да забележите дека вашата лева града е поголема од десната. Повеќето мажи се возбудени што воопшто ги допираат. На нив не им е грижа која големина се вашите гради или пак дали се симетрични една со друга.
 

3.Вашата кожа
Секако дека сите сакаме мека и совршена кожа. Но колку често тоа е така? Залудни се обидите да покриете нешто во последен момент, бидејќи на партнерот не му е важно дали имате неколку стрии. Верувајте, не се толку забележителни колку што вие мислите дека се.
 

4.Вашата пот
Можеби вие самите не си ја поднесувате миризбата на вашата пот, но дали сте помислиле дека тоа е природен афродизијак за мажите? Секако дека се потите за време на сексот, тоа нема да пртставува никаков проблем.
 

5.Депилација
Немавте време да се издепилирате пред сексуалниот однос? Секако, тука не мислиме на некои огромни влакна, но партнерот сигурно нема да ги забележи неколкуте влакненца кои за вас изгледаат како „шума“ , а сигурно не се толку проблематични или густи, така што можете слободно да се опуштите и да уживате.

Пронајдете не на следниве мрежи: