Неколку Фејсбук заповеди

Секој од нас барем еднаш во денот го посетува својот профил на Фејсбук за да види дали има некој нов лајк, коментар, порака или покана за пријател или пак само сака да нешто да објави. Потоа следува задолжително гледање на ѕидот на Фејсбук, колку да види дали има нешто интересно. Па така вклучувањето на Фејсбук на една минута се претвора во повеќе минути, па и часови.

Еве неколку интересни Фејcбук заповеди:
 

1.Стискај повеќе лајкови ако сакаш да те лајкуваат.

2.Статусите објавувај ги секогаш кога имаш најмногу он-лајн пријатели или народно кажано “во шпицот“ зашто тогаш ќе имаш најмногу лајкови и коментари.

3.Бесцелно играј си игрички и гледај си профили, но никогаш не го минимизирај прозорчето за да не се појави месечинката до твоето име и да паднеш “на дното“.

4.Биди учесник на сите настани и зачлени се во што е множно повеќе фан-групи бидејќи така имаш поголеми шансите да бидеш забележан/а.

5.Ако случајно се почувствуваш запоставен/на тогаш статус од типот „ааааааа“,  „пијан/а сум“, „тагувам“, или „најтоп вечер во живот“ сигурно ќе ти заврши работа.

6. Не заборавај да си ставиш лајк на сопствениот статус, песна или било каква објава. Нека расте бројот на лајкови.

7. Менувај си го статусот за врска од време на време за да видат дека и тебе нешто ти се случува.

8. Направи си лажен профил и додаj ги поранешните момчиња/девојки и пробај да дознаеш што е можно повеќе за нив, па ако ти се може и раскарај ги.

9. Исклучиво договарај се на ѕид за излегување за сите што народно кажано „те имаат на пик“ да знаат каде да те најдат , „демек случајно“ !

 

Секој од нас би се пронашол барем во една заповед. Сепак, текстот не е со намера да навреди некого, туку само да се направи едно резиме во однос на тоа што се случува на оваа социјална мрежа.

Пронајдете не на следниве мрежи: