Португалскиот тренер на екипата на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека не сака да се чувствува како херој, но и упати критики кон навивачите на Реал поради свирежите кон голманот Адан кој своите фудбалски почетоци ги има токму во овој гигант.
Жозе Мурињо изјави дека е среќен што навивачите упатиле свирежи.
„Супер е, подобро мене отколку на играчите, а свирежи кон Адан и навреди кон него, па тој е дете на клубов, роден во Мадрид… дали тоа значи дека тој нема право да брани? Тоа е недостаток на почит кон дечко кој за ништо не е виновен“ изјави Мурињо.
„Разговарав со него пред мечот и му кажав дека свирежите се упатени кон мене“ вели Мурињо.
Адан заврши во 6-тата минута од мечот кога доби црвен картон, па Касиљас влезе на теренот со овации.
„Да повторам на крајот, не сакам да се чувствувам како херој. Прифаќам да ме навредуваат, но тоа да не се сврти кон играчите“ заклучи Мурињо.
Медиумите пренесуваат дека нема долго да издржи сево ова во Реал Мадрид и дека евентуална елиминација од Јунајтед би можела да значи и негова смена.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: