Ликот на Жаде, во познатата бразилска серија “Клон“ ги освои срцата на сите македонци. Бразилската актерка Џована Антонели преку овој лик стана вистинска ѕвезда во својата земја. Преку своите сексипилни танци, Жаде оставаше без здив и мажи и жени кои седеа пред своите мали екрани и со нетрпение чекаа да почне оваа прекрасна серија, која ни ја прикажа љубовта од еден друг агол, како и клонирањето на луѓе како процес кој е сеуште табу тема во многу земји ширум светот.
По серијата, Џована беше во среќна врска со главниот актер од “Клон“, Мурило Бенисио (Лукас) и со него има син. За жал, по пет години врска, тие се разделија и продолжија секој по својот пат. Џована во 2007-мата се омажи за американски бизнисмен, но бракот траеше само четири месеци.
Во 2010-тата година таа бразилски продуцент со кој има две ќерки близначки и живее среќно во својата родна земја, Бразил.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: