Зашто Линдзи Лохан е “растроена“?

Дина Лохан, мајката на Линдзи призна дека таа е “растроена”, но тоа не е по нејзина вина. Дина тврди дека тоа е така бидејќи Линдзи била сведок кога таа била злоупотребувана од нејзиниот татко Мајкл. 

Во драматичното ново интервју за New York Daily News, мајка на четири деца настапи со остри обвинувања против нејзиниот поранешен сопруг Мајкл Лохан, велејќи дека нивниот брак бил полн со неверство, злоупотреба, па дури и силување. 

Мајкл веднаш ги негираше овие изјави откако New York Daily News го праша за коментар. Но Дина и понатаму тврди дека тие се вистинити, и вели дека има докази, медицински наоди и полициски извештаи.

Во нејзината изјава таа вели: “Таа беше сведок на многу лоши моменти. Сакам светот да ја знае вистината и од каде потекнуваат нејзините проблеми. Mајкл ме претепуваше”. Таа говореше за една расправија меѓу нив во 1986 година, каде покажала фотогарфија од неа со помодрено око како ја држи Линдзи во рака додека била бебе.

Кога Линдзи ја видела фотографијата од мајка си таа веднаш и рекла да зборува јавно и да не ја крие повеќе вистината. Дина била малтретирана во текот на целиот брак и вели дека главна причина за тоа е тоа што Мајкл бил зависник од кокаин. Таа останала во брак само поради децата. Линдзи била свесна дека нешто не е во ред и постојано тоа ја молела мајка си да остане со нив.

Пронајдете не на следниве мрежи: