7 Најчести сонови и нивното значење

Луѓето со векови се обидувале да ги разберат соновите и да најдат најдобар начин за нивна интерпретација.
Потребата да најдеме некое значење на соништата кои се поврзани со нашиот живот е дел од нашето секојдневие бидејќи секој ден сонуваме без разлика дали се сеќаваме на тоа утредента или не. Има повеќе интерпретации почнувајќи од теoриите на Зигмунд Фројд и Карл Јанг кои велат дека тие се дел од нашата потсвест и ги отсликуваат нашите желби и стравови. Што мислите вие? Еве неколку објаснувања од екперти на сонови кои често ги сонуваме:
1.Пајаци
Како што пајаците ги ткаат своите мрежи за да го фатат пленот, исто така ако сонуваме пајаци тоа може да значи дека  некој сака да ве манипулира или ќе бидете изманипулиран од некоја ситуација, вели специјалист за човечкото однесување и експерт за сонови Синтија Ричмонд. Ако пајакот е отровен, тоа може да значи дека тој што сонува е загрижен за некја опасна ситуација, или пак надприродна смртоносна сила, вели Ричмонд. Меѓутоа, ако сонувачот општо се плаши од пајаци тогаш сонот има различно значење: тој / таа треба да се соочи со оваа фобија. Според dreammoods.com, општо соновите за инсекти значат дека нешто ве мачи.
2.Како ве бркаат

Ако сонувате дека некој ве брка тогаш вашата потсвест ви вели дека сакате да избегате од некое непријатно или болно чувство, објаснува психотерапевтот на Јунг институтот Ричард Николети. Тој вели дека треба да видите кој или што ве брка и да се соочите со тоа во реалниот живот ако сакате да престанат овие сонови.
 
3.Како ви паднал заб

Од  минатото па до ден денес , забите се важен дел за нашето преживување (битни се за нашата исхрана) и репродукција (потребни ви се ако сакате да бидете привлечни за спротивниот пол). Според ова објаснување ако изгубите заб значи дека сакате да се заштитите себе и вашиот изглед, вели Кит Стивенс. Симболичното толкување е дека забите ја претставуваат вашата самодоверба. Затоа, губење на заб во сон може да значи дека сте во некоја ситуација која ја загрозува вашата самодоверба.
4.Како паѓате

Мит е дека ќе умрете во реалниот живот, ако сонувате како паѓате и на крај ја допирате земјата. Сепак, “паѓањето” во сон може да значи дека нешто во животот не ви оди баш најдобро. Според експертот за сонови Лаури Лоенберг овој тип на сонови иницира дека нешто во вашиот живот не оди во вистинската насока како на пример вашата врска, кариера или финансии. Овие сонови ги имаат обично депресивните луѓе, а буквалното значење на сонот значи дека се плашите од височини.
5.Како летате

Според Расел Грант и Вики Емптаг, автори на он-лајн сонотвникот , соновите за летање се поврзани со вашата сексуалност. Ако летате високо и гордо тоа значи дека имате одличен секусален живот додека ако се обидувате да летнете и тоа тешко ви оди значи дека сте фригидни или незадоволни од партнерот. Другото значење на летање високо поврзано со некаков успех или пак стремеж кон него. Буквалната интерпретација е дека се чувствувате супериорно, над другите. Истото толкување го има и ако сонувате како дишете под вода. 
6. Смрт
 

Сонот поврзан со смрт може да значи дека вашата потсвест е оптеретена со оваа тема. Смртта симолизира крај на нешто или некоја промена на духовно ниво. Ако сонот е смрт на некоја личност тогаш тоа значи дека таа не е повеќе дел од вашиот живот или дека таа/тој има недостадок на некоја каратеристика која ја сметате дека и фали. Исто така може да се толкува дека некоја личност ви недостига. Овој тип на соништа ја  потенцираат нашата борба за опстанок и љубовта кон нашите блиски.
7.Вода

Според психотерапевтот и автор Џефри Сумбер, соништата за вода значат промена, обновување, духовно прочистување или животна трансформација. Меѓутоа се зависи од контекстот, ако му нудите вода на некој тоа значи дека сакате да му помогнете но ако сонувате дека се давите тогаш ќе имате голема животна промена.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: