Бигфут, мит или вистина?

Тој е голем, влакнест, и има сопствено ТВ шоу.

Најпознат е по тоа што плаши од туристи и ловџии во шумите на северна Америка. Научниците трвдат дека тој не постои и дека е само трик и лага наменета за општеството. Меѓутоа има многу луѓе кои веруваат во неговото постоење, исто како што веруваат во снежниот човек Јети од Хималаите.

Бигфут е една од најозборуваните мистерии во светот. Неговите карактеристики се дека личи на мајмун, со висина од 1-3 метри, тежина до 220 килограми, а телото му е покриено со влакна во темно кафена или црвенкаста боја. Неговите отпечаточи од стапалото биле долги околу 60 сантиметри. Прашањето е дали тој навистина постои? Боб Херонимус, човекот кој го фотографирал, неколку години подоцна изјавил дека Бигфут не постои и дека носел костим кога ги правел фотографиите.

За разлика од Бигфут, неговиот братучед Јети е повеќе пати забележан на Хималаите во деловите околу Непал и Тибет. Научниците сеуште се обидуваат да најдат нови докази на неговото постоење.

Пронајдете не на следниве мрежи: