Во Хондурас најден златен `калашников` опточен со дијаманти

Полицијата во Хондурас запленила позлатен `калашников`, опточен со дијаманти, на ранч во сопственост на локални наркодилери.

Полицијата соопшти дека `калашниковот` е висококвалитетно изработен со фина гравура, а вреди најмалку 50 илјади долари.
Изгравираниот текст ја поврзува пушката со локалната нарко банда, која е поврзана со мексиканскиот картел Зетас.
За време на пребарувањето на ранчот, околу 300 километри од престолнината Тегусигалпа, полицијата пронашла и 30 парчиња друго вооружување, непробојни елеци и 11 автомобили.
Хондурас, земја со највисока стапка на убиства по глава на жител, е главен проводник на кокаин криумчарен од Јужна Америка во САД.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: