Снежана В. (27) од Мокрин се самоуби после расправија со дечкото, кој ја зклучил во станот и отишол на ручек кај роднина.
Снежана скокнала на Бадникова вечер од петти спрат на улица „Браќа Дроњак“. Несреќата се случила околу 18:00 часот. Младата девојка паднала на тремот пред зградата и починала на лице место. На терасата останал само бел чаршав врзан за јаже за сушење алишта.
„Некои мислат дека Снежана можеби сакала да се спушти по јажето, но јас мислам дека не е така. Да сакала да го направи тоа, би го врзала ќаршавот за оградата, а не за јажето“, изјави една соседка.
Дечкото на Снежана, со кој таа живеела, пред трагедијата отишол на ручек кај свој роднина, а Снежана останала сама.
„Ја сретнав околу 14:00 часот кога влезе во зградата со бадникова гранка во раката. Малку подоцна слушнав како Снежана и нејзиното момче се расправаат, а после еден саат момчето излезе, ја тресна вратата и ја заклучи. Снежана после тоа гласно пушти музика, а од станот можеше да се чуе како крши и треска мебел. Кога подоцна излегов да го прошетам кучето, имав што да видам! Снежана со бадниковата гранка лежеше на бетонот пред влезот, целата во крв“, изјави соседката која прва го видела телото.
Таа додаде дека глетката била морничава и дека за кратко време пристигнал и дечкото на Снежана, кому му се слошило кога дознал Снежана се самоубила и веднаш бил пренесн со брза помош во болница, со оглед на тоа дека е дијабетичар.
Снежана и момчето се забавувале нешто повеќе од една година, а минатото лето таа се доселила кај него.
„Често се расправаа, од станот секогаш се слушаше галама. Пред една недела видов како Снежана пробува да си замине. Стигна до лифтот, а тој ја стигна и буквално ја одвлечка назад во станот. Го скршија и стаклото на лифтот за време на расправијата“, кажува еден од комшиите.
„Кога мојата Снежана ќе се врати утре дома, ќе ви раскаже што се случило“, со тивок глас полн со болка, бегајќи од ужасната вистина, мајката Марица Чониќ (47) цело време им повторувала на роднините и комшиите, кои доаѓале да и пружат утеха по смртта на ќерката. „Ништо конкретно не знам, дали е турната или сама паднала. Кажете ми дали е жива, дали знаете како е мојата Снежана“, повторувала Марица додека сите молчеле и плачеле.
„Снежана секогаш се снаоѓаше за живот, не пребираше за работа. Чистеше по куќи, работеше во пекари, а подоцна и како келнерка во кафуле. Имаше сериозна врска со Бојан. Не ни помислував дека нешто вакво може да се случи. Снежана по препорака од доктор, пиеше лекови за нерви. Тешко нас, на Божиќ се завивме во црно“, тешко зборуваше избезумената мајка.
Пронајдете не на следниве мрежи: