Вселенскиот телескоп „Кеплер“ открил 461 потенцијално нови планети, воглавно со големина на Земјата или неколку пати поголеми, објавија во понеделник научниците.
Со тоа вкупниот број на можни нови „светови“ што ги пронајде „Кеплер“ се искачи на 2.740, од кои 105 се потврдени.
„Пред две години имавме 1.200 планети кандидати. Година дена подоцна додадовме значителен број нови објекти и забележавме тренд на раст на бројот на многу мали планети, двапати поголеми од Земјата и помали“, рече астрономот Кристофер Бурк.
Освен новите 461 планета, колку што „Кеплер“ ги забележа во 22 месеца, продолжува и полиферацијата на помали планети.
Меѓу новите мети за набљудување се планетите 1,5 пати поголеми од земјата кои кружат околу своја ѕвезда слична на Сонцето во орбита од 242 дена, што е оддалеченост на која водата би можела да биде површината.
Во заедничкото истражување, астрономите утврдиле дека една од шесте планети слични на Сонцето имаат планети големи колку Земјата кои околу него кружат поблиску од 88 дневната орбита на Меркур околу Сонцето.
Целта на мисијата „Кеплер“, која започна во 2009 година, е да утврди колку звезди во галаксијата Млечен пат имаат планети со големина на Земјата кои кружат во таканаречените хабитативни зони во кои може да постои површинска вода.