Германско-босанска старлета трудна од Берлускони?

 

 

Германската старлета со босански корени, 38-годишната Сабина Беган, која стана позната по учеството во раскалашените забави на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, тврди дека очекува негово дете, објавија во петокот италијанските медиуми.

 

Сабина Беган. Чиешто вистинско име е Сабина Бегановиќ, ги потврдила за италијанскиот дневен весник Il Fatto, шпекулациите дека е бремена од поранешниот претседател на владата на Италија и најбогат човек во оваа земја Силвио Берлускони.

„Само со него одев во кревет”, изјави Беган, којашто под псевдонимот „кралица на пчелите” учествувала на забавите на Берлускони.

Беган одбила да зборува дека прашањето на тоа како Берлускони кој има пет возрасни деца, реагирал на веста за нејзината бременост.

Старлетата којашто пред 26 години од Германија се отселила во Италија каде што се појавуваше о филмови снимани во продукција на телевизиските станици коишто се сопственост на Берлускони, изјави дека милијардерот по заминувањето од премиерската функција бил „многу депримиран” поради проблемите со поравосудните органи.

Беган со тоа ги потврди изјавите на главниот уредник на дневниот весник Il Giornale, Виторио Фелтри, кој тврди дека 75-годишниот Берлускони паднал во длабока депресија.

„Кога човек ќе дојде во одредена возраст, многу е болно кога ве клеветат низ целиот свет. Мислам дека Силвио поради тоа ќе се врати во политиката. Му посакувам да живее 150 години, дури и да живее вечно”, изјавила Беган.

Истовремено таа жестоко ги критизираше девојките коишто учествувале на забавите на Берлускони и кои сега сведочат во текот на судската постапка против неговата наводна злоупотреба на власта и секс со малолетната Мароканка Руби.

„Тоа се ѓаволи со рогови. Тие се виновни за тоа што Силвио е многу потиштен”, вели старлетата.

Како што пишува Il Fatto, Берлускони се повлекол во неговата вила „Ла Чертоза” на Сардинија, контактира со многу малку луѓе и спроведува строга диета.

Берлускони го измачуваат и деловни проблеми во коишто западна неговиот медиумски концерн.

Во последно време Берлускони повторно го одржува контактот со неговата поранешна сопруга Вероника Ларио, со којашто се разведе во 2009 година, пишува весникот.

Преземено од https://makfax.com.mk .

Пронајдете не на следниве мрежи: