Арсенал би можел да ја загуби трката со Атлетико Мадрид, кој исто така го сака потписот на Давид Виља.
Арсенал наводно контактирале со челниците на Барселона околу ангажман на Давид Виља во јануарскиот преоден трансфер-период.
За овој играч заинтересиран е и Атлетико Мадрид, Виља во овој тим би бил адекватна замена за Фалкао кој би можел да го напушти клубот во јануари или на крајот од сезоната.
Напаѓачот на Барселона изјави дека најверојатно ќе остане во Шпанија со својата сопруга, која би требало да се породи во февруари. Тоа е уште една од причините, поради која Арсенал би можел да остане без Виља.
И покрај тоа што Арсенал се засили минатото лето со Оливие Жиру и Лукаш Подолски, Арсенал сеуште не го покрија заминувањето на капитенот Ван Перси.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: