Со собирање непродадено овошје и зеленчук кое се користи при подготвувањето на гала вечерите, две жителки на германската престолнина Берлин сакаат да ја разбудат совеста кај Германците и да ги поттикнат да не ја фрлаат храната.
Секој од гостите повикани на вегетаријанската вечера во Центарот за современа уметност во космополитската берлинска населба Креуцберг ќе дарува 10 до 15 евра во фондот за помош во храната. Мрежата на гости се шири преку усно известување или на интернет страницата https://dinnerexchangeberlin.wordpress.com/.
Оваа идеја галеристката 30-годишната Сандра Теитге и една година помладата новинарка Сара Мевес, ја преземале од Лондон со која се свртува вниманието на милионите тони храна кои секоја година завршуваат на отпадите на индустријализираните земји.
„Сакаме да ги поттикнеме луѓето покреативно да постапуваат со остатоците од храната во нивните фрижидери и порационално да ги трошат своите пари“, истакнува Мевес.
Сандра Теитге, којашто потекнува од поранешната комунистичката источна Германија, не заборава дека поедини прехранбени артикли во нејзиното детство бие вистинска реткост или недостапни и затоа не го трпи фрлањето на храната.
За оваа акција биле инспирирани од документарниот филм „Taste the waste“ (Пробајте ги отпадоците) кој покажува дека енормни количества храна завршуваат на отпадите.
Во филмот се тврди дека повеќе од половина од храната завршуваат во кантите за отпадоци. Неговиот автор Валентино Турн помогна да се основа интернет страницата foodsharing.de за размена на храна на луѓето кои ја имаат премногу со оние коишто знаат како да ја употребат.
Една неодамнешна студија покажа дека просечен Германец годишно фрла храна во вредност од 235 евра.