Родителите на децата до две години, треба од февруари прв пат да добијат поврат на ДДВ кој го плати при купувањето храна и опрема за бебиња.
Измените на Законот за ДДВ кој овозможува враќање на ДДВ-то на беби-опремата стапија на сила од првиот ден од оваа година. Пријавите за враќање на парите Даночната управа ќе ги прима два пати годишно во февруари и во јули, пишува Novosti.
Се уште не е позната процедурата за поднесување барања за родителите и старателите, но од Министерството за финансии и стопанство велат дека ќе биде едноставна.
Во Законот има и ограничувања за тоа кои родители и старатели ќе можат да бараат враќање на ДДВ, па така тоа смеат да го направат оние кои немаат плата повисока од 80.000 динари и кои имаат недвижен имот кој вреди помалку од 23,4 милиони динари.
Ограничен е вкупниот ДДВ кој може да биде вратен, па та за првата година се добива данок до 40.000 динари, а за втората 30 илјади динари.
Државата нема да враќа данок за сите потребни работи за бебе, туку само за млеко, кашички, количка, столица за хранење, седиште за автомобил и пелени.