Го убила синот зошто не го знаел Куранот на памет

Родителите Јасин го запишале на напредни часови во џамија за да стане хазиф (личност која на памет го знае куранот), али детето имало проблеми со учењето, што ја фрустрирало неговата мајка. 

Денес, судот во Кардиф ја осуди на доживотна робија.

Сара Еге (33), осудена е во Кардиф, во Велс на доживотна робија, бидејќи до смрт го претепала својот седумгодишен син, затоа што не успевал да го научи на памет Куранот.

Сара првично признала дека го убила Јасин во 2010 година, а потоа за убиството го обвинила својот сопруг.

„Со убиството на синот, ја злоупотребивте драгоцената врска и верност која треба и мора да постои помеѓу родителот и детето“, изјави судијата во текот на изрекувањето на казната.

Сара Еге, која исто така во своето детство го учела Куранот на памет, го злоставувала и тепала синот три месеци, бидејќи не бил успешен во тоа како што она била. На денот на убиството, детето не отишло во училиште, зошто мајката го натерала да остане дома и да ги учи редовите од муслиманската света книга и при тоа го тепала. Во своето признание, Сара рекла дека го гледала синот како паѓа на земја, истовремено цитирајќи зборови од Куранот, но во тој момент мислела дека тој е само уморен. По смртта на синот, таа го запалила неговото тело.

Полицијата првично мислела дека детето настрадало во пожар, но подоцна, преку обдукција е утврдено дека било мртво неколку часови пред да биде неговото тело запалено.

Сара Еге ќе помине најмалку 17 години во затвор, пред да и биде дозволено сослушување за можно помилување.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: