Евидентирана штетата од инцидентите во Собранието

На редовната координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи, е информирано за настаната штета при инцидентите во собраниската сала на 24-ти декември.

Како што информираат од Собранието, нанесена е поголема штета на севкупната техника која овозможува нормално функционирање и реализирање на една пленарна седница.

Стручните собраниски служби направија попис на направените оштетувања и е направен вонреден сервис

Сервисирани се: Претседателска единица од CDS 200 делегатски систем и систем за симултан превод, читач на делегатски картички од претседателска единица на CDS 200 делегатски систем и систем за симултан превод, три ТМ 55 делегатски микрофони, три Rank конектори на делегатски единици од CDS 200 делегатскиот систем и системот за симултан превод, приемник IRX 12 од безжичниот систем за симултан превод, две делегатски слушалки Sennheiser HD 1029, звучна картичка од компјутерот за контрола на пинг-звучниот сигнал за завршено време на дискусија во Сала 1.

 

По завршувањето на сите вонредни сервисни активности, како што информираат од Собранието, направено е комплетно тестирање на CDS 200 делегатскиот систем и системот за симултан превод и е направена поединечна контрола на работата на делегатските микрофони. При тоа е утврдено дека уште три делегатски микрофони не се во функција поради скинати контакти на Renk конекторите поради утврдување на микрофоните. И овие три микрофони се сервисирани и по сервисирањето се тестирани и се во исправна и функционална состојба.

Пронајдете не на следниве мрежи: