Американскиот претседател Барак Обама во понеделникот навечер го именуваше поранешниот републикански сенатор Чак Хејгел, за нов министер за одбрана, а својот советник за борба против тероризмот Џон Бренан за директор на американската централна разузнавачка агенција CIA и го повика Сенатот итно да ги потврди нивните именувања.
Чак Хејгел кој ќе го замени поранешниот директор на CIA кој потоа беше именуван за министер за одбрана на САД, во Пентагон ќе донесе борбено искуство стекнато во Виетнам, критичност кон американската политика во Авганистан и судир во доносите со сопствената партија. Хејгел е инаку одликуван ветеран во од Виетнам, а неговите критичари веќе го нападнаа поради неговите ставови оолу Израел и Иран.
„Чак Хејгел е лидерот што го заслужуваат нашите војници. Тој го стави својот живот за осигурување безбедноста на нацијата. Тој разбира дека Америка е најсилна кога таа дејствува заедно со своите сојузници. Како успешен бизнисмен, тој знае дека трошењето треба да се прави мудро… Покрај тоа, Чак Хејгел во нашата администрација ја претставува традицијата на двопартизмот, што ѝ е толку потребно на нашата администрација. Најважно е што ние не сме демократи или републиканци, туку Американци. Благодарам, Чак што се согласи за новата должност“, изјави претседателот Обама, истакнувајќи ја номинацијата на Хејгел.
Хејгел на Капитол Хил ја стекна репутацијата на независен сенатор, подготвен да заземе контроверзни ставови, па и спротивни коишто ги споделуваат неговите републикански колеги. Оттаму, неколку водечки републикански пратеници веќе се спротиставија на неговата номинација која претседателот Барак Обама официјално ја истакна во понеделникот навечер, пренесува CNN.
Доколку Сенатот ја потврди неговата номинација, главниот советник за воени прашања на Обама ќе стане човекот кој во една прилика рече дека поради искуството во Виетнам е подготвен да стори сѐ за да спречи војна. Како пратеник во Сенатот, Хејгел се противеше на испраќањето американски војници во Ирак и во Авганистан.
Неговите критичари го опишуваат како премногу мирољубив, а неговите приврзаници како умерен политичар кога станува збор за воени прашања, додека самиот тој се нарекува пацифист.
„Јас сум тврдокорен реалист. Го разбирам светот онаков каков што е. Меѓутоа, војната е ужасна работа, Тука нема слава, само патење“, вели Хејгле во својата биографија издадена во 2006 година.
Како сенатор, Хејгел гласаше против санкциите за Иран со образложение дека попрво би поддржал директни преговори. Исто така, ги поддржуваше и преговорите со исламистичкото палестинско движење Хамас и даваше многу изјави кои неговите критичари ги оценија како недостиг од поддршка за Израел, долгогодишен силен американски сојузник на Блискиот исток.
Хејгел ја поддржуваше старата политика на Пентагон „Don't Ask, Don't Tell“л а на удар на хомосексуалните групи се најде во 1998 година, кога го доведе во прашање дали американски амбасадор може да биде некој кој е „нескриен и агресивен геј“, што се однесуваше на личност предложена за американски амбасадор во Луксембург предложен од поранешниот претседател Бил Клинтон. И покрај тоа што подоцна се извини, оваа изјава на Хејгел сега често се споменува, имајќи предвид дека кога беше советник на Обама овој го донесе законот познат како Dont Ask Dont Tell кој забранува служба во вооружените сили на отворените хомосексуалци, па според многумина поставувањето на Хејгел на чело на Пентагон може да се покаже како чекор наназад кон либерализацијата на воената служба.
Последниве години, Хејгел работеше на Универзитетот Џорџтаун, а исто така беше копретседател на групата советници на претседателот за разузнавање.
Иако искуството и достигнувањата на Хејгел малку кој ги доведува во прашање (во неговата поддршка веќе успеа да се искаже и поранешниот државен секретар Колин Пауел), процесот на одобрување на неговото именување од страна на Сенатот, за разлика од кандидатура на Кери е малку веројатно дела ќе оди мазно.
Пратениците веќе ги спомнаа двосмислените изјави на Хејгел и имаат намера пристрасно да го „допрашаат“ на сослушувањето. Така, ќе треба да ја појасни позицијата за Блискиот исток, откако претходно дигна голема врева со изјавите за „еврејското лоби“, кој според него, го држи „под потпетицата“ Конгресот на САД, како и изјавите за потребата да се воспостави дипломатски односи со движење Хамас и Иран.
Покрај тоа, самото произраелско лоби за коешто самиот Хејгел даде во неколку наврати критики, исто така, стана активно и отвори интернет домен, кој ги повикува сенаторите да не ја поддржат кандидатурата на Хејгел.
Меѓутоа, Белата куќа преку заменикот на шефот на Националниот совет за безбедност Бен Родс претходно изјави дека медиумите погрешно ги протолкувале изјавите на Хејгел и оти неговата позиција се совпаѓа со ставот на американската администрација.
Џон Бренан, пак, е искусен службеника на CIA кој во 2008 година се повлече од кандидатурата за челник на Централната разузнавачка агенција, која се отворија прашањата за неговата улога во агресивните методи за испитување на осомничените терористи во времето на претходниот претседател Џорџ Буш помладиот, ткн „waterboarding“.
На местото челник на CIA Бренер со 25-годишно разузнавачко искуство и заменик на советникот на претседателот за национална безбедност, треба да го замени пензионираниот генерал Дејвид Петреус кој се повлече од позицијата по откривањето на вонбрачната врска со својата биографка.
„На својата сегашна функција, Џон беше одговорен за водењето на процесот за имплементација и реализација на нашата стратегија во борбата против тероризмот. Тој е мој близок пријател, и сакам да му се заблагодарам за неверојатната работа. Денес сакам да им кажам на соработниците во CIA дека добивате лидер кој ве познава и се грижи за вас“, изјави претседателот Обама.
Според порталот Politico, Бренан бил длабоко вклучен во политиката на Обама за агресивно употреба на беспилотните летала против терористите во Пакистан, Јемен, Сомалија и во други земји.
Бренан беше споменуван како кандидат за шеф на CIA и на крајот од првиот претседателски мандат на Обама, но испадна од трката кога либералите го обвинија дека учествувал во испитувањата на осомничените терористи со „waterboarding“, симулација на погубување со давење и други агресивни и брутални методи.
Во обидите да го примири активистите за човекови права и другите кои пред четири години беа против Бренан, Белата куќа издаде соопштение во кое се наведува дека тој се залагал за тоа борбата против тероризмот внимателно да се контролира, да се спроведува во склад со правните принципи и да биде што потранспарентна.
Пред доаѓањето на местото советник на Обама во кампањата во 2008 година, Бренан повеќе од 20 години вил аналитичар во CIA и шеф на канцеларијата на агенцијата во Саудиска Арабија.
Во времето на мандатот на поранешниот претседател Буш ја извршуваше должноста заменик на извршниот директор на CIA, а подоцна и директор на Националниот центар за антитероризам по нападите од 11-ти септември 2001 година.
Освен што е еден од најискусните луѓе во САД во разузнавањето и борбата против тероризмот, зборува и арапски и добро ги разбира состојбите во арапскито свет.
Бренан се смета за еден од клучните креатори на операцијата за откривање и ликвидација на „терористот број еден“ и поранешен челник на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда – Осама бин Ладен.
Откако се откажа од именувањето во 2008 година, поради избегнување на соочувањето со можно неодобрување од Конгресот, сега се претпоставува дека сенаторите за неговото именување неизбежно ќе ги интересира неговото учество во организирањето тајни затвори и тортурата врз осомничените затвореници.