Вистински случаи на егзорцизам

Многу од нас гледале филмови за егзорцизам, на кои пишува дека се снимени според вистинска приказна. Но, дали навистина постојат случаи во светот кои посочуваат дека егзорцизмот како појава постои и дека навистина телото и духот на еден човек може да биде опседнат од демони и други зли суштества?

Според многуте истражувања на оваа тема, потврдено е дека егзорцизмот навистина постоел уште од минатотот. Според неофицијалните податоци на епархијата на Рим, извршени се повеќе од 50.000 егзорцизми насекаде низ светот.

Повеќето од вас го гледал фимот “Егзорцизмот на Емили Роуз“. За филмот се пишува дека е снимен според вистинска приказна и тоа навистина е така. Девојката Емили Роуз навистина постоела во реалниот живот. Емили била Германка која била католик и доста религиозна жена. Таа била опседната со најмалку шест демони, меѓу кои во неа се наоѓале демонските духови на Нерон, Хитлер и Каин.

Нејзиниот татко Ернест, бил локален свештеник и специјалист во егзорцизам. Откако ги приметил основните показатели за егорцизам кај својата ќерка, тој прв признал во јавноста дека таа најверојатно е оспедната со демони. Оние кои не верувале, пробале да ја лечат Емили со најразлични лекови. Но, за жал обидите биле безуспешни, а нејзините напади продолжиле да се зголемуваат од ден на ден.

Емили Роуз починла на 1 јули 1976-та година. Додека била опседната таа изјавила дека на овој ден ќе биде ослободена од демоните и ќе почине. Официјалната причина за нејзината смрт била дека таа починала од неухранетост и дехидрација. Сепак, таа била цели 11 месеци изложена на ритуали поврзани со егзорцизам, кои за жал се покажале како безуспешни.

Друг случај на егзорцизам е момчето од Америка, Роби Дое. Неговиот егзорцизам се одвивал во текот на 1949-тата година. Текот на егзорцизмот бил навистина екстремен бидејќи, опседнатото момче било целосно искривено, се криело под кревет, а понекогаш се качувало по ѕидови. Поради осудувањето од соседите, семејството со опседнатото момче се преселило од Џорџтаун во Сент Луис, со надеж дека тука состојбата на момчето може да се подобри.

Но, “злото“ се преселило заедно со момчето и неговата состојба се влошувала секојдневно. Откако локален свештеник се нафатил да го отргне демонот од телото и духот на момчето, целиот процес на истерување на ѓаволот успеал и денес момчето живее нормален живот, не сеќавајќи се на многу делови од периодот кога бил опседнат.  

Медицината, овој процес на егзорцизам сака да го објасни преку ментални и психички проблеми на личноста. Но, оние коин се “спасиле“ од демоните, по егзорцизмот живеат нормален живот како секоја друга нормална лижност. Како медицината би ја објаснила таа ситуација? 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: