Добитник на лото ливче отруен со цијанид

Урој Кан жител на Чикаго изгребал добитно лото ливче вредно 1 милион долари. Но, кога тргнал да си ги подигне парите ненадејно починал.

На почетоткот било констатирано дека починал од природна смрт, но сега се пронашле докази од страна на полицијата дека имало смртоносна доза на цијанид во неговото тело. 

Асур Осаха е човекот кој вели дека лото ливчето било купено во продавницата каде тој работи и дека откако Кан го изгребал ливчето му ја бакнал раката и пресреќено почнал да вика на глас дека го добил милионот. Кан на Асур му подарил 100 долари. Истрагата за оваа мистерозна смрт сеуште е во тек.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: