Стоилов и Даскаловски отпаднаа

Македонската ракометна репрезентација на Светското Првенство во Шпанија ќе настапи без Митко Стоилов поради повреда и голманот Златко Даскаловски.

На ова Светско Првенство ќе биде пријавен список со 16 играчи, додека пак двајца ќе бидат резерви, со можност на замена според регулативите на турнирот.

„Во Скопје ќе останат левиот бек Митко Стоилов поради повреда и голманот Златко Даскаловски. Во консултација со докторите, сепак одлучивме дека во моментов Стоилов, кој претходно беше повреден, не е способен да го поднесе тој товар што се очекува од него во одбраната. Од голманот Даскаловски, пак, сум многу пријатно изненаден како работеше и од начинот на кој максимално ја искористи шансата што му се даде. Но, сепак, тој останува да чека кикс или, пак, слаба одбрана на нашите двајца голмани за да влезе во репрезентацијата“ изјави селекторот Звонко Шундовски за „НоваМакедонија“.

Список на ракометари за претстојното Светско Првенство во Шпанија:

ГОЛМАНИ: Борко Ристовски (Гумерсбах) , Никола Митревски (Металург)
ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Вардар), Ванчо Димовски (Металург)
ДЕСНИ КРИЛА: Владимир Темелков (Басараж), Гоце Георгиевски (Металург), Златко Мојсоски (Металург)
ЛЕВИ КРИЛА: Дејан Манасков (Металург), Гоце Ојлески (Вардар)
БЕКОВИ: Кирил Лазаров (Атлетико М.), Милан Левов (Металург), Наум Мојсовски (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Бранислав Ангеловски (Констанца), Филип Лазаров (Вардар), Велко Маркоски (Металург), Аце Јоноски (Металург)

Извор:„НоваМакедонија“

Пронајдете не на следниве мрежи: