Индиски гуру: Жртвата е виновна за нападот за силување

Познат индиски духовен водач, денес предизвикал бурни реакции во јавноста откако изјавил, дека 23 годишната студентка можела да го спречи смртоносното силување од страна на членовите на бандата, само ако ги замолела за милост.

На 29-ти декември 2012 година, 23 годишната студентка Џојти починала после 13 дена очајна борба за живот во болница во Сингапур, како последица на ужасниот напад на 12ти декември 2012 година, откако била силувана и брутално претепана. Повредите на внатрешните органи биле толку страшни, што девојката не можела да издржи  и покрај огромните напори на докторите да ја спасат. Додека се уште била при свест, Џојти му напишала на ливче на својот татко дека сака да живее. Таткото бара смтна казна за сторителите на грозоморниот настан.

Самопрогласениот богослужбеник Ашарам, познат како „бапу“ или татко, рекол на своите приврзаници, дека за нападот и силувањето во Њу Делхи на 16-ти септември не треба да се криват само напаѓачите: „Таа трагедија не би се случила доколку она го изговорела името на Бог и паднала пред нозете на напаѓачите. Грешката не е направена само од едната страна“. 

Оваа забелешка на 71 годишниот гуру, меѓу низата гафови на јавни личности, кои ги откривуваат жените за емидемијата силување во земјата, предизвикала бројни гневни осудувања.

Рави Шанкар Прасад, претставник на хинду-националистичката партија Баратија Џаната, рекол дека оваа изјава е длабоко вознемирувачка и болна. „Ашарам заслужува да биде осуден со посилни зборови“, наведено е во листата на коментари. Во коментарите критикувани се и политичарите од валдејачката партија, поради нивните сексистички коментари за силувањето во Делхи и потребата жените во Индија да бидат само дома и да се определат за традиционално однесување.

„Нивните поими за идеално општество се изгледа заостанати и полни со предрасуди, кои предизвикаа насилство во културата над жените, а инцидентот во Делхи е нивна најнова и ужасна манифестација“, гласеше еден од коментарите.

Судењето на шесторицата сторители започна вчера. Државниот обвинител Раџив Мохан бара смртна казна.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: