Повеќе од 120 милиони податоци од евиденцијата на даночните грчки обврзници украле вработени во компанија од предградие на Атина, пишува интернет изданието на весникот Етнос. Според експертите, на „црниот пазар” ваков обем лични информации може да се продаде за 100 илјади евра.
Одделот на грчката полиција кој се занимава со компјутерскиот криминал започнал истрага против сопствениците на компанијата која вработува 35 лица. Крадците успеале да добијат даночни пријави, информации за даночните обврзници, за средствата на граѓаните, информации за компании и нивната финансиска состојба, нивните плаќања кон државата. Како „извор” на информациите се споменува министерството за финансии, напомнува весникот.
„Ова е најголемото истекување на податоците со кое сме соочени”, изјавил неименуван претставник на истражните органи.
Инаку, последниот период ова е трет случај на големо истекување на личните податоци на грчки граѓани. Кон крајот на ноември, одделот за борба против компјутерскиот криминал уапси 35-годишен вработен во приватна фирма кој се обидувал да продаде податоци за околу 9 милиони даночните обврзници, и покрај фактот дека целото население на Грција изнесува 10.800.000 жители. На тоа му претходеше кражба на документи од макроекономските податоци на министерството за финансии. Полицијата не ја отфрли можноста дека сите три случаи се поврзани, појаснувајќи дека кој и да е од вработените на министерството за финансии би можел да украде толкаво количество информации.
Пронајдете не на следниве мрежи: