Меѓународната ракометна организација (ЕХФ) ја прогласи Бразилката Алехандра До Наскименто и Французинот Даниел Нарцисе за најдобри ракометари во 2012 година.
Според изборот на навивачите, новинарите и експертите на ЕХФ, До Наскименто стана првата Бразилка која ја освои оваа престижна награда, додека пак Наркисе стана шестиот Французин и четврт играч на германскиот клуб Киел на кого му припадна оваа чест.
Бразилката инаку ракометарка на екипата на австриски Хипо, во изборот освои 28% од гласовите, односно четири повеќе од второпласираната Хајди Лок (Ѓер).
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: