Британската пејачка Ејми Вајнхаус умрела заради труење со алкохол, потврдено е во повторената истрага за причината на смртта, јави ББЦ, потсетувајќи дека истрагата морала да биде повторена бидејќи главната истражителка не ги исполнуваше законските услови да ја води истрагата.
Повторената истрага довела до истиот заклучок како и првата, која не можела да биде официјализирана заради британскиот закон, со кој истражителот, кој ја води истрагата, мора да има најмалку пет години правно искуство.
Ејми Вајнхаус беше пронајдена мртва во својот дом во северен Лондон во 2011 година.
Имаше 27 години кога умре, а судот како причина за смртта го наведе труењето со алкохол.
Пронајдете не на следниве мрежи: